Флик толку лут никогаш не сме го виделе, скандалот од Аноета ја „тресе“ Шпанија: Разочаран сум и бесен!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Сосиедад синоќа пред своите навивачи ја победи Барселона со 2:1 во натпреварот од 20. коло на шпанската Ла Лига, а Каталонците по натпреварот беа многу бесни поради поединечни судиски одлуки.

Барселона синоќа одигра исклучително добар натпревар и навистина е неверојатно дека Каталонците на крајот поразени ја напуштија Аноета.

На гостите им беа поништени дури три гола и еден пенал и не криеја колку се незадоволни од судиските одлуки.

Сосиедад до победата дојде со головите на Ојарзабал и Гуедес, додека единствениот погодок за гостите беше Маркус Рашфорд.

Главен судија на синоќешниот натпревар беше Хесус Гил Манзано и во Барселона сметаат дека тој со своите помошници жестоко ги оштети. Особено спорен беше деталот од 28. минута кога му беше поништен голот на Ламине Јамал за 0:1 по реакција од ВАР собата.

Одлуката се чекаше неколку минути и се одлучи дека тоа не е гол поради офсајд, но многумина беа зачудени кога беше прикажано дека голот на Барселона е поништен поради милиметарски офсајд.

Ханси Флик критикуваше судиите затоа што минатата година Барселона жестоко беше оштетена во Сан Себастијан кога ВАР поништи чист гол на Роберт Левандовски, и на германскиот тренер му е неверојатно дека истите судии беа и вечерва на Аноета.

“Разочаран сум и бесен. Ова е неправедно, едноставно не е фер. Резултатот воопшто не е одраз на случувањата на теренот. Бевме убедливо подобар тим”, рече Флик и продолжи.

.