Фонсека: Одигравме три натпревари во седум дена и им честитам на играчите на оваа победа


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Рома синоќа во дербито што се одигра во 9. коло од Серијата А на домашен терен го победи Милан со резултат од 2:1.

Волчицата дојде во водство во 38. минута кога Един Џеко погоди со глава после корнерот за резултат од 1:0. Сепак, Милан успеа да изедначи во 55. минута преку Хернандез, но славењето траеше се на се четири минути бидејќи Николо Заниоло со одличен погодок повторно ја доведе Рома во водство.

„Играчите ни приредија одличен натпревар и се бореа до последната минута. Не е лесно да се одиграат три натпревари во рок од седум дена и им честитам на оваа победа. Заниоло одигра одличен натпревар и погоди за победа и нам ни се многу важни овие три бодови“, рече Фонсека.

Него го воодушеви и Хавиер Пасторе кој после долго време успеа да спои три натпревари на кој играше по 90 минути.

„Пасторе покажа квалитет и професионализам вечерва. Не треба да се заборави дека тој пред малку се врати на теренот после повредата и одигра три натпревари во седум дена што е прекрасно. Одиме натпревар по натпревар и ќе видиме што ќе биде“, додаде тренерот на Рома.