Форлан убеден: Јунајтед може да ја елиминира Барселона!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Уругвајскиот фудбалер, Дијего Форлан верува дека неговиот некогашен клуб, Манчестер Јунајтед може да ја елиминира Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Форлан за „Црвените ѓаволи“ играше од 2002. до 2004. година, не ги опсравда големите очекувања, но потоа имаше многу успеси настапувајќи седум години во шпанска Примера за Вилјареал и Атлетико Мадрид.

„За Јунајтед ќе биде поинаков меч, бидејќи играат со Барселона. Тие имаат одличен тим со добри играчи. Дома играат одлично и имаат голема шанса да ја елиминираат Барселона. Во фудбалот никогаш не се знае што ќе се случи“, истакна Форлан, а пренесуваат шпанските медиуми.

Четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона на програмата е на 10. април, додека реваншот е шест дена подоцна на Камп Ноу.