Формула 1 откажа уште три трки!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уште три трки во Формула 1 се официјално откажани поради пандемијата на коронавирусот. Во минатите недели раководството на „најбрзиот циркус во светот“ бараше начин како да се одржат трките, но денеска соопшти дека не може сите трки да се одржат.

На официјалниот сајт на Ф1 е соопштено дека при донесување на одлуките се зема во превид тоа што во Азербејџан и Сингапур се вози на улиците и подготовките бараат многу време, додека во Јапонија има забрана за патување.

Ф1 претходно ги откажа трките во Австралија и на улиците на Монте Карло, кои не можат да се одржат поради Ковид-19, а трки нема да има ниту во Франција и Холандија.

Откажувањето на новите три трки секако ќе биде голем удар за Ф1.