Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска беше донесена одлука да се одложат трките во Формула 1 за Големата награда на Виетнам и Бахреин.
Поради пандемијата на коронавирусот продолжија одложувањата на спортските настани, а на тоа не остана имун ниту мото-спортот.
Во Бахреин и Виетнам нема да се вози, откако беше откажана и трката за Големата награда на Австралија, со која требаше да се отвори новата сезона.
Трката во Бахреин беше закажана за 22 март, додека таа во Виетнам за петти април.
Откажани се веќе четири трки, откако претходно беше одложена и трката за Големата награда на Кина, која бше закажана за 19 април.