Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Во возбудлив натпревар од тековното коло на германската Бундеслига, тимот на Фрајбург успеа да извлече реми од 2-2 против Баер Леверкузен, резултат кој директно му донесе шампионската титула на Баерн Минхен, две кола пред крајот на сезоната.
Домашниот тим прв го најде патот до мрежата благодарение на Максимилијан Егештајн, кој во 44. минута ја отвори голеадата и донесе предност за Фрајбург. Само што започна второто полувреме, гостите од Леверкузен несреќно си постигнаа автогол, со што резултатот стана 2-0 за домаќините.
Сепак, Леверкузен не се предаде и започна со офанзива во последниот дел од мечот. Младиот талент Флориан Вирц намали на 2-1 во 82. минута, враќајќи ја надежта дека може да се избегне пораз. Врзаниот притисок на „фармацевтите“ вроди со плод во третата минута од судиското продолжение, кога Џонатан Тах постигна гол за израмнување.