Франција е прв осминафиналист на Мундијалот во Катар (Видео)


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Килијан Мбапе и дружината обезбедија место во осминафиналето на Мундијалот од Катар, откако Франција вечерва славеше со 2-1 против Данска и тоа беше доволно за место во следната фаза.

Иако во првото полувреме Франција доминираше, сепак тие не успеаа да постигна гол за водство, па мрежата на Каспер Шмајхел се затресе дури во 61. минута кога Мбапе погоди за 1-0.

Само седум минути подоцна Андреас Кристесен со глава го совлада Уго Лорис за 1-1, по што двете селекции се заканија по неколку пати, но поуспешни во нападот беа Французите, кои преку вториот гол на Мбапе стигнаа до триумф од 2-1.