Франција оди во четвртфинале: Шоу на Мбапе – го надмина Пеле! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Франција славеше со 3-1 против Полска со одлични голови на Оливие Жиру и Килијан Мбапе и се пласира во четвртфинале на Светското првенство (СП).

Во 29. минута Жиру имаше неверојатно промашување по додавањето од Дембеле, по што до водство стигна Франција преку голот на напаѓачот на Милан во 44. минута.

Во вториот дел два гола постигна Мбапе, и тоа во 74-та и 91-та минута, а Полска на крајот намали на 1-3 преку Роберт Левандовски од пенал.

Ова беше четврти гол на Мбапе на турнирот, па вкупно на Мундијалите стигна до девет погодоци пред својот 24-ти роденден со што го надмина легендарниот Пеле.

Франција во четвртфинале ќе игра против победникот од мечот меѓу Англија и Сенегал.