Француски фудбалер го продал златниот медал од Мундијалот во 2018

Непознат француски репрезентативец решил да го продаде златниот медал од Светското првенство во Русија во 2018 година.

Тој од продажбата заработил 71.875 долари, а организатор била аукциска куќа од Лос Анџелес. Поради пандемијата на коронавирусот, лицитацијата биле направена преку интернет, а пристигнале повеќе од 10 понуди, додека најголемата била од Англија.

Покрај медалот на францускиот фудбалер, на аукција биле уште две. Една од Светското првенство во САД од 1994 година, а другата од Мундијалот во 2002 година.

Златниот медал од САД бил продаден за 48.000 долари, додека од Јапонија и Јужна Кореја достигнал цена од 50.000 долари.