Французите се квалификуваа за СП 2026, па решија да му дадат одмор на Мбапе


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе и неговиот соиграч од Реал Едуардо Камавинга нема да играат против Азербејџан во последниот натпревар од Групата Д од квалификациите за Светското првенство 2026 година.

– Камавинга доживеа истегнување на мускулот на левата тетива. Мбапе се уште трпи воспаление на десниот глужд, што бара понатамошни испитувања. Денес ќе бидат подложени на нови тестови во Мадрид – стои во соопштението на Фудбалската федерација на Франција.

Со победата над Украина (4:0) во четвртокот вечер, Франција стана 29-та репрезентација која обезбеди пласман на Мондијалот кој ќе се одржи следното лето во САД, Мексико и Канада.

Во победата над Украинците Мбапе даде два гола, a бидејќи неделниот натпревар во Азербејџан нема натпреварувачко значење, селекторот Дидие Дешан му даде одмор.