Французите во новата сезона се враќаат со полни стадиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француската Лига 1 е единствената лига од топ-5 која не продолжи по периодот на суспензија поради пандемијата на коронавирусот.

На крајот на април беше решено фудбалската сезона во Франција целосно да се прекине. Официјално прекин беше прогласен од страна на првенството, иако беше јасно дека тоа е желба на државните власти.

Иако Французите решија дека нема услови за фудбал, во новата сезона сакаат да влезат како ништо да не се случувало.

Новата фудбалска сезона во Франција почнува во август, а вчера стигнаа вести дека од половината на јули на спортските случувања во земјата ќе им биде дозволено присуство од 5.000 гледачи.

Исто така, Французите планираат целосно да ги вратат навивачите во текот на сезоната 2020/21.