Франк Де Бур прв кандидат за превземање на паднатиот гигант

Во повеќе вести за иднината на славниот италијански гигант Милан, стигна нова која ја здрма јавноста во Италија.

Имено, сеуште не е познато кој ќе биде тренер на Милан за следната сезона, но е познато дека таа информација ќе биде позната од 4 до 8 јули кога треба да биде потпишан договорот за продажба на клубот.

Како што денеска пренесоа италијанските медиуми, најблизок до клупата на Милан е тренерот кој никако не се споменуваше како можно решение, а тоа е холандскиот стручнак Франк Де Бур.