„Франс Фудбал“ тврди: Мане го напушта Ливерпул, познат е и неговиот нов клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул благодарение на Јирген Клоп го ангажираше Садио Мане во 2016 година, а Сенегалецот од тогаш напредуваше многу и стана еден од најдобрите фудбалери во светот.

Мане во тандем со Мохамед Салах и Роберто Фирмино стана страв и трепет за многу екипи, меѓутоа наскоро Сенегалецот би можел да го напушти „Енфилд“.

„Франс Фудбал“ објави дека Ливерпул би можел да го продаде Мане за 150 милиони евра и тоа во Реал Мадрид, кој веќе долго време е заинтересиран за неговите услуги.

Преговорите со Ливерпул сигурно нема да бидат лесни затоа што тие нема да ја намалат цената, меѓутоа Реал го сака Мане, па ќе се потруди за да ги задоволи барањата на англискиот гигант.