Француска легенда го нападна Роналдо: Замолчи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо кажа дека првенството во Саудиска Арабија е подобро од француската Лига 1, а тоа не му се допадна на поранешниот светски шампион од 1998 година, Франк Лебеф.

Лебеф смета дека Роналдо ја дал таа изјава само затоа што Лионел Меси играл во Лига 1 пред да се пресели во Интер Мајами.

„Ме налути изјавата дека саудиската лига е подобра од Лига 1. Што мислите зошто даде таков коментар место пример да го спомене португалското првенство? Едноставно е, затоа што таму играше Лионел Меси. Како фудбалер го почитувам, меѓутоа подобро му е да замолчи, во неговата глава цело време е Меси“, изјави Лебеф.

Поранешниот француски фудбалер во кариерата играше за Стразбур, Челси, Марсеј, Ал-Сад и други екипи.