Француски репрезентативец се смееше за време на минута молк (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француската репрезентација славеше против Холандија во Амстердам со 2-1 со двата гола на Килијан Мбапе, а пред натпреварот се случи инцидент кој предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Во петокот имаше напад во кој загина еден наставник, а две лица беа тешко повредени во средно училиште во североисточниот дел на Франција, а за време на минута молчење Жан Клер Тодибо беше снимен како се смее и тоа предизвика бурни реакции.

Јавноста го осуди потегот на Тодибо и побара реакција од Француската фудбалска федерација, но останува да видиме дали ќе бидат преземени мерки против францускиот фудбалер.