Француските медиуми: Родригез има нов клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конечно е решена дилемата каде најдобриот стрелец на Мундијалот во 2014 година, Хамес Родригез, ќе ја продолжи кариерата.

Имено, колумбискиот репрезентативец ја прифати понудата на ПСЖ и од следното лето ќе го гледаме на Паркот на Принцевите.

Шпанските медиуми тврдат дека Челси и Манчестер Сити очајно сакале да ја доведат ѕвездата на Реал Мадрид, но дека тој се одлучил за големата понуда од францускиот шампион.

Истотака, позната е неговата желба да соработува со Унаи Емери, кој го извлекува она најдоброто од младите фудбалери.

Француските медиуми веќе најавија дека Хамес, кој за дури 65 милиони евра треба да премине во Париз, ќе биде наследникот на Златан Ибрахимовиќ.