Фрејзер го избра Тотенхем пред Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако се очекуваше дека едно од засилувањата на Арсенал за следната сезона да биде фудбалерот на Бaрнемут, Рајан Фрејзер, изгледа дека ништо од тоа нема да се случи.

Според англиските медиуми, Фрејзер им ставил до знаење на челниците на клубот дека сака да ја продолжи кариерата во Тотенхем.

Така, Арсенал ќе изгуби уште едно вредно засилување, сето тоа заради лошата политика на клубот во последните години.

Договорот на Фрејзер со Барнемут истекува на 30. јуни оваа година, а неговите преговори со актуелниот клуб за продолжување на неговиот договор одамна престанаа.

Се очекуваше да се пресели во Арсенал кој покажа најголем интерес за неговите услуги, но се чини дека играчот го одбрал својот следен клуб.