Фудбалер на Баерн го урна рекордот во брзина: Трчаше 36,5 км/ч, па и сам се зачуди!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бекот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис го урна рекордот во Бундеслигата за максимална брзина во тек на еден спринт. Откако се мерат овие вредности од 2011 година, Дејвис сега стана апсолутен рекордер.

Дејвис во мечот против Вердер Бремен трчаше со брзина од 36,51 км/ч, што го прави најбрз фудбалер во историјата, кој играл во Бундеслигата.

Претходниот сопственик на рекордот беше Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, кој трчаше со брзина од 36,19 км/ч.

Дејвис претходно пред неколку дена трчаше со брзина од 35 км/ч и тоа во дербито против Дортмунд, кога го спречи Ерлинг Халанд да постигне гол.