Фудбалер на Баерн порача: Ми беше забавно да го гледам понижениот Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен синоќа ја декласираше Барселона во Лисабон со 8-2 и оствари пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони.

Баварците одиграа феноменален натпревар и ги понижија Каталонците, кои овој пораз сигурно нема да го заборават уште долго.

По мечот фудбалерот на Баерн, Леон Горецка доби интересно прашање, а тоа беше дали му е жал што го гледа својот идол Лионел Меси понижен.

„Дали ми е жал што го гледам таков? Не, ми беше забавно!“, кажа Горецка.