Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми објавија дека фудбалерот на Челси, кој игра на позајмица во Барнли, Дени Дринквотер бил претепан во еден клуб.
„Сан“ објави снимки од фудбалерот кој во еден клуб се додворувал на една девојка, која била во врска со фудбалер од друг клуб.
Нејзиното момче го предупредило Дринквотер, но Англичанецот не се откажал, по што шестмина го нападнале фудбалерот и брутално го претепале.
Според сведоците, напаѓачите го удирале со тапи предмети, додека некои дофрлале да му ги скршат нозете. Сведоците тврдат дека имало крв на сите страни и дека напаѓачите намерно го удирале 29-годишниот фудбалер, зашто знаеле дека е ѕвезда во Премиерлигата.
Поради сериозните повреди, Дринквотер ќе мора да паузира четири недели од фудбалските терени.