Фудбалер на Ц. Звезда со старт му скрши две нозе на противникот! (Видео)

Марко Гобељиќ, десниот бек на Црвена Звезда на реваншот од првото претколо во Лигата на шампиони, во кое славеше неговот тим со 2-1 против Судува, му ги скрши двете нозе на противнкот.

Унгарскиот судија Адам Фаркас по стартот на Гобељиќ му даде црвен картон и го исклучи од мечот. А потоа тргнаа неколку фудбалери кон него поради грубиот старт, но се смири ситуацијата.

Судијата накратко го погледна фудбалерот, кој се превиткуваше од болка по тревата и веднаш потоа интервенираше медицинската екипа и го изнесе фудбалерот од теренот.

Тренерот на Судува, Владимир Чебурин кажа по мечот дека тоа е тажно што се случиило, па за ваков старт треба да следува голема казна, а не нормален црвен картон.