Фудбалер на Црвена Звезда сакаше да се пресмета физички со цариници на аеродром! 🎥


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерот на Црвена Звезда, Гејлор Канга направи проблем на аеродром кога неговиот тим требаше да се врати од Словачка од гостувањето кај Слован Либерец во Лига Европа.

Канга се расправаше со цариниците, а неговите соиграчи го спречија да направи посериозен инцидент и физички да се пресмета со лицата кои требаше да го прегледаат неговиот багаж.

Засега не е познато што го натера фудбалерот на српскиот тим на ваков потег, но сигурно ќе добие некаква казна од Ц. Звезда затоа што снимката од инцидентот се појави во јавност.