Фудбалер на Дерби избоден со нож на улица во Ливерпул


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Англиските медиуми синоќа објавија дека играчот на Дерби, Андре Виздом, бил избоден со нож минатата недела на улица во Ливерпул.

Виздом беше на одмор во Ливерпул неколку дена, и имал состанок со неговиот братучед.

Фудбалерот на Дерби требаше да се сретне со својот братучед, но откако излегол од автомобилот непознат напаѓач го нападнал со нож.

Скај Спортс пишува дека напаѓачот неколкупати го прободел играчот на Дерби, а потоа го ограбил. За среќа, минувачите брзо повикале помош, а Виздом била однесен во болница.

За среќа, играчот на Дерби немал повреди опасни по живот затоа што некако успеа да се справи со напаѓачот.

Тој треба да биде во болница неколку дена и ќе биде пуштен на домашно лекување. Скоро е сигурно дека тој ќе ги пропушти останатите натпревари до крајот на сезоната.