Фудбалер на Милан не знае што да прави од досада: Спијам, јадам и чистам по стан…


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Во Италија веќе со денови владее голем хаос поради пандемијата на коронавирусот, а цела држава е целосно затворена. Граѓаните останаа во своите домови затоа што тоа е најбезбедно, а прекинато е и италијанското првенство.

Италија е најтешко погодена во Европа, зашто има над 17.000 заразени луѓе со коронавирусот, меѓу кои се и неколку фудбалери од Серија А.

Шпанскиот фудбалер Сами Кастилјехо кажа дека клубот му дал упатство какви вежби треба да прави дома, но и покрај тоа на него му е досадно дома.

„Дома сум од понеделникот. Од клубот ми дадоа упатство за вежбање. Мерките се оправдани поради тоа што има и заразени фудбалери. Минатата недела бев во супермаркет и паниката уште не беше на врвот, но сега е поинаку. Дома ми е досадно. Спијам, готвам, чистам и зборувам со семејството. Не смеете да одите надвор“, порача играчот на Милан.