Фудбалер на ПСЖ пред мечот за Халанд: Дали се плашам? Не го ни познавам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд сезонава игра фантастично. Најпрво во дресот на Салцбург, а потоа и за Борусија Дортмунд, каде што синоќа го суреди ПСЖ со два погодоци.

Пред мечот германските медиуми го прашаа фудбалерот на ПСЖ, Томас Муние дали се плаши од Халанд, а тој одговори:

„Дали се плашам? Не го ни познавам…“, порача Муние, а сега цел свет му се смее поради тоа.

Сега сигурно и Муние, но и остатокот од екипата добро го запознаа Халанд, а останува да видиме дали во реваншот ќе знаат како да се соочат со него.

Да потсетиме, Дортмунд го доби првиот осминафинален меч со 2-1  против ПСЖ.