Фудбалер на Реал загуби свет додека беше во воздух, а потоа незгодно падна и го повреди коленото! 🎥


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид вчера славеше во „Ел Класико“ против Барселона со 2-1 и така ја потврди доминацијата против нивниот вечен ривал.

Головите за „кралевите“ ги постигнаа Давид Алааб и Лукас Васкез, додека на спротивната страна во листата на стрелци се запиша Серхио Агуеро.

Но, еден од моментите кои го одбележаа натпреварот се случи во завршницата кога се судрија Федерико Валверде и Жерар Пике со главите.

На снимката може да се забележи дека Валверде останал без свест додека беше во воздух, по што незгодно падна на тревникот и притоа заработи повреда на главата, но и на коленото, па сега се очекуваат детални прегледи, по кои ќе биде познато колку ќе паузира.