Фудбалер на Шалке кој пред четири години загинал во сообраќајка пронајден жив во Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хианик Камба кој играше заедно со Мануел Нојер во редовите на Шалке беше прогласен за мртов по една сообраќајка во 2016 година која се случила во неговата родна држава, Конго.

Сепак, сега четири години откако Камба бил прогласен за мртов, како што пишува „Билд“ тој бил пронајден жив во областа Рур во Германија.

Неговата поранешна сопруга е осомничена од германските власти поради измама која ја смислила за да добијат голема сума на пари.

Ситуацијата заминала дотаму што Хианик Камба веќе си нашол и работа во Рур и работел во една енергетска компанија. Семејството пред четири години од осигурување добило голема сума на пари.