Фудбалерите кои ги продолжија договорите со Рома „исчезнаа“ од теренот, само еден ги оправда нивните очекувања


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома ги продолжи договорите со повеќето први играчи на тимот пред почетокот на оваа сезона, но повеќето се чинеше дека исчезнаа од терените откако потпишале продолжување на соработката со Волчицата.

Римскиот клуб не го смени играчкиот кадар многу пред почетокот на оваа сезона и главната цел беше да се продолжат договорите на играчи за кои се смета дека се костурнот на екипата. Така, нов договор потпишаа Брајан Кристанте, а потоа им се придружија Николо Заниоло, Александар Коларов, Федерико Фазио, Ценгиз Андер и Един Џеко.

Повеќето шпекулации беа за Џеко беа дека е на чекор од преселба во Интер, но Џеко на крајот ја одбил оваа понуда и решил да потпише нов договор со Рома.

Тутомеркато пишува утрово дека скоро сите играчи кои потпишале нови договори со Рома оваа сезона, едноставно исчезнале од терените. Единствениот кој успеа да покаже нешто е Џеко, кој има постигнато 13 голови на 28 натпревари оваа сезона и додаде шест асистенции.

Џеко успеа да стигне до 100 гола во дресот на Римската волчица што е фантастично постигнување, и е еден од ретките на кои навивачите на римскиот клуб не го критикуваат.

Внимание привлекоа играчите кои потпишаа нови договори, а истите беа жестоко критикувани за очајните натпревари оваа сезона. Најголема критика добија Коларов, Фазио и Андер, кои едноставно не играат ни близу, како претходните две сезони.

Нешто подобар е Кристанте, но јасно е дека тој не е ниту на очекуваното ниво. Покрај Џеко, неколку пофалби доби Заниоло, кој играше добро до тешката повреда на лигаментите на коленото што ја претрпе пред неколку недели и ќе биде надвор од терените до следната сезона.

Тоа е причината зошто Тутумеркато заклучи дека Рома не треба да брза со нови договори по добрата сезона, наградувајќи ги играчите со долготрајна соработка и далеку подобри плати.