„Фудбалерите можат да живеат без плата неколку години, жал ми е за тие што работат по цел ден“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големата ѕвезда на аргентинскиот фудбал, Карлос Тевез е тажен поради тоа што се случува во светот поради пандемијата на коронавирусот.

Милиони луѓе останаа без работа, економијата е на голем удар, а богатите лица кои имаат барем малку срце помагаат на сиромашните.

Меѓу нив е и Тевез, кој заработи големо богатство во текот на неговата кариера, а сега сака да им помогне на сите кои најмногу страдаат.

„Ова е вистинска катастрофа. Фудбалерите може да живеат без плата неколку години, но жал ми е поради луѓето, кои стануваат во шест часот наутро и се враќаат во девет навечер за да го прехранат семејството. Ние фудбалерите можеме да помогнеме во ситуацијава“, кажа Тевез.