Фудбалерите на Ајакс веруваат дека можат подобро…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По победата против „Петлите“ во Лондон, фудбалерите на екипата од Амстердам сметаат дека не го пружиле својот максимум.

Хахим Зијех и Матис де Лихт изјавија дека се задоволни со победата во првиот меч против Тотенхем, но дека се свесни дека можат уште подобро.

„Важно е што ја сочувавме мрежата, но и тоа што постигнавме гол. Треебаше да постигнеме и втор, а по стативите ни беше тешко. Тотенхем играше силно. Се боревме и успеавме, така што можеме да бидеме задоволни. Но, знаеме дека можеме подобро од ова“, истакна капитенот на екипата Матијас Де Лихт по мечот.

Неговиот соиграч Хахим Зијех истакна дека е среќен по победата, но и тој истакна дека Ајакс може подобро.

„Секако сум среќен, но знам дека можеме подобро. Не славиме бидејќи се уште не сме во финалето. Во реваншот треба да играме како во првото полувреме и се ќе биде во ред“, истакна Зијех.

Реваншот ќе се игра во среда на 8. мај во Амстердам.