Фудбалерите на Шкупи седеле во Мекдоналдс и на плажа за да не плаќаат хотел!? (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватските медиуми пишуваат дека фудбалерите на Шкупи морале да преспијат во Мекдоналдс и да останат на плажа во нивното патешествие при враќањето од Гибралтар во Скопје.

Шкупи загуби со 0-2 во реваншот од Линколн Ред Импс, но се пласираше во второто квалификациско коло за Лигата на шампиони (ЛШ) благодарение на триумфот од 3-0 во првиот меч.

Фудбалерите на Шкупи заминале од Гибралтар за Малага, каде што морале да седат осум часа на плажа за потоа да заминат со лет за Виена.

Во Австрија останале дури 10 часа во Мекдоналдс, а се појави и видео во хрватските медиуми, по што „гулабите“ од Виена стигнале во Белград, па патувале уште пет часа со автобус до Скопје.