Фудбалерот на Тотенхем остана без братот во утринско пукање


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тотенхем го совлада Арсенал во лондонското дерби вчера, но неколку часа подоцна се случи голема трагедија на дефанзивецот на Петлите Серж Орие.

Имено, во утрово пукање бил убиен помладиот брат на Орие, Кристофер. Убиецот е сè уште во бегство, според странските медиуми започната е истрагата за причините за ова убиство.

Француската полиција потврди дека имало инцидент во индустриската зона во Тулуз околу 5 часот утрово, јавува „Европа 1“.

Кристофер бил ранет во стомакот. Кога пристигнала брза помош, му била укажана прва помош, а тој починал неколку часа подоцна во болницата.

26-годишниот фудбалер исто така играл фудбал. Играл за аматерскиот клуб Ленс. Тој претходно имал проблеми со законот затоа што беше уапсен во 2017. година за напад на проститутка.