Фудбалот пишува преубава приказна: Пред шест месеци го победи ракот, е вчера – Манчестер Јунајтед!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Миделзбро синоќа во четвртото коло од англискиот ФА-куп по пенали го елиминираше Манчестер јунајтед, откако регуларниот дел заврши 1-1, како и продолженијата.

Првата голема шанса ја имаа домаќините преку Кристијано Роналдо, кој промаши пенал, а само пет минути подоцна Санчо погоди за 1-0.

Гостите играа подобро во продолжение од средбата, па создадоа неколку шанси и имаа убави акции, а тоа резултираше со гол во 64. минута преку Крукс за 1-1.

Најсреќен во вчерашниот триумф беше Сол Бамба за кој животот подготви неверојатна приказна. Пред само пола година тој го победи ракот, а вчера погоди пенал и му помогна на својот тим за триумф против Манчестер јунајтед.

Овој 37-годишен стопер ја почна кариерата во Б-тимот на ПСЖ, по што настапуваше во Шкотска, Турција, Италија и Англија.