Фудбалски земјотрес: Халанд се договорил со Реал Мадрид?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Борусија Дортмунд и норвешки репрезентативец, Ерлинг Халанд се договорил со Реал Мадрид за преселба на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Италијанскиот новинар Алфредо Педула објави дека клубовите треба уште да се договорат за обештетувањето и трансферот ќе биде официјално потврден.

Дортмунд сака 175 милиони долари, но доколку не попуштат и не ги намалат барањата, тогаш следната година можат да загубат сериозна сума на пари поради клаузулата во договорот на Халанд, односно ќе мора да го продадат за „само“ 75 милиони евра.

Познато е дека „кралевите“ долго време го следат и Килијан Мбапе, но негово ангажирање нема да биде лесна задача зашто ПСЖ не сака да се откаже од услугите на Французинот.

Постојат шпекулации дека Реал сака да ги купи и двајцата, со што би имал најдобар напад во светот, но такво нешто е тешко за реализација во моментов.