Фудбалскиот свет зачуден: Бивш фудбалер на Арсенал го смени името и заигра за Кина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска по првпат во историјата на кинеската фудбалска репрезентација заигра еден фудбалер, кој не е Кинез.

Станува збор за Англичанецот Николас Јенарис, кој сега се вика Ли Ке, зашто го промени името, а во моментов е член на Пекинг Гуан, а во текот на кариерата играше дури и за Арсенал.

Станува збор за фудбалер, кој претходно ги помина речиси сите младински селекции на англиската репрезентација, но остана на селекцијата до 19 години. Тој никогаш не заигра за сениорската, па на крај реши да го смени државјанството и да заигра за Кина, од кадешто доаѓа неговата мајка.

Тој е најскап фудбалер, кој игра за Кина, зашто пазарната вредност му се проценува на два милиони евра.