Гачевски: Вардар е бренд и институција, ќе го вратиме на врвот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски тим Вардар по две сезони во понизок ранг се врати во Првата лига, но на почетокот на сезоната има освоено само четири бода и се наоѓа на последната позиција на табелата.

Скопскиот гигант во следното коло игра против Брегалница од Штип, а голманот Филип Гачевски кажа дека ќе се борат за победа.

„Кога се игра фудбал во Штип, тогаш тој ден е празник во градот. Тоа сум го почуствувал додека бев дел од таа екипа. Целта на Вардар е да застане на ‘здрави нозе’ и да обезбедиме опстанок. Вардар е бренд и институција во Македонија и сигурен сум дека ќе ги надминеме проблемите и ќе се вратиме на врвот“, кажа Гачевски.