Гаџа за хрватски медиуми: Денис Тот бил пронајден во трева од келнерка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Денис Тот го загуби неговиот живот во клиничкиот центар во Скопје, каде што бил примен во бесознание, по што се појавија дека бил претепан, меѓутоа потоа од болницата демантираа и соопштија дека станува збор за срцев застој.

Неговиот сонародник и ракометар на Вардар, Анте Гаџа во разговор за „Вечерњи“ кажал дека слушнал некои приказни од соблекувалната.

„Не знам што да кажам. Постојат секакви приказни, во соблекувалната слушнав дека го пронашла келнерка која работела во локалот. Тој лежел во тревата, а таа наводно повикала брза помош. Не знам што да кажам“, вели Гаџа.