Галатасарај договори играч на Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Галатасарај потврдија дека Лукас е договорен

Левент Назифоглу, инаку спортски директор на турскиот гигант Галатасарај потврди дека е донесен договор со Ливерпул за играчот од средниот ред Лукас.

Назифоглу рече „Ние се согласивме со Ливерпул за Лукас за премине кај нас, се чека уште Клоп да се согласи со таа одлука“

„Лукас би сакале да стане наш играч најдоцна до Понеделник, во спротивно ќе бараме алтернатива“ – додаде Назифоглу

Ливерпул има големи проблеми во тимот, Сако, Гомез и Матип се повредени, Туре и Шкртел продадени па се смета дека Лукас ќе треба да покрива некоја од тие позиции, доколку биде продаден Ливерпул ќе е во тешки проблеми.

Иднината на Бразилецот е во тек, тој неодамна изјави дека незнае што ќе се случи со него, но Клоп му гарантира дека ќе добива шанса во следната сезона. Лукас рече „Со промена на тренерот има и промени во тимот“ Ова Лукас го изјави за едно бразилско радио.