Галатасарај го освои Суперкупот после подобро изведување на пенали


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После 120 минути игра беше 1:1, и следеа пенали.

Пред самиот старт на дуелот се видени немили сцени, навивачите на Галата го каменуваа автобусот во кој се наоѓаа приврзаниците на Бешикташ.

На теренот беше многу возбудливо, а јунак во триумфот во Галатасарај беше секако уругвајскиот чувар на мрежата Фернандо Муслера, кој одбрани два удари на фудбалерите на Бешикташ и така го донесе трофејот на Суперкупот на Турција на Галата.

Муслера ја сочува мрежата после пеналите на Озјакуп и Хачинсон, а непрезибен беше и Тосун кој топката ја испрати високо преку голот.

Од друга страна мрежата на Зенгин ја погодуваа Инан, Балта и Чигерчи.

Интересно е дека после 90 минути беше 0:0, а првиот гол на мечот беше дело на Хакан Балта во 100 минута од мечот.

Седум минути после тоа Чеду ја погоди сопствената мрежа и така мечот го одведе во пенали.

Во текот на мечот нешто подобар ривал беше Бешикташ, но својата подобра игра не успееја да ја материјализираат.