Галатасарај спрема две трансфер бомби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот великан, Галатасарај до крајот на овој трансфер период би можел да донесе уште две звезди на европскиот фудбал.

Навикнати сме да го гледаме овој клуб како прави големи трансфери.

Како што дознаваме од медиумите во Турција, челните луѓе на Галатасарај се во преговори со два великана од островот. Јунајтед и Челси

Наводно со Јунајтед се преговара за Фелаини, а со Челси за Оби Микел. И двајцата би требало да го засилат тимот од Истанбул до крајот на месецов.

Овие фудбалери немаат иднина во своите сегашни клубови и со оглед на тоа бараат „нов дом„. Дали тоа ќе биде на исток, останува да видиме.