Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кевин Гарнет без никакви дилеми е најдобар кошаркар во историјата на Минесота Тимбервулвс. Тој од 1995 до 2007 година одигра спектакуларни натпревари во дресот на екипата, каде што ја заврши кариерата во 2016 година.
Сепак, неговиот број 21 во Минесота уште не е повлечен. Причината се лошите односи со газдата Глен Тејлорс, со кој имаше договор тој и легендарниот тренер Филип Саундерс да добијат дел од клубот.
Откако тренерот почина по договорот во 2015 година, Тејлор го прекрши истиот и Гарнет остана без дел во клубот.
„Глен и јас имавме договор пред да почине Филип. Кога тој почина, со него отиде и договорот. Тоа значи дека на Глен нема никогаш да му го простам“, вели Гарнет.