Гаскојн: Испив девет чаши ракија и бев прогласен за играч на натпреварот


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Животот на Пол Гаскојн е обележан со неверојатен дар за фудбал, но и со ексцеси во приватниот живот, од кои некои оставија големи последици врз него. Неодамна издаде автобиографија со наслов “Осум”, а популарниот Газа во разговор во ТВ емисијата “Добро утро Британијо” се потсети на неколку моменти од кариерата, но и некои надвор од теренот.

Една епизода се случила за време на финалето на Лига купот на Шкотска. Газините Ренџерси играа против Хартс, а тогашниот тренер на Ренџерси Волтер Смит нашол начин како да го разбуди Пола.
На полувремето ме праша дали сум пиел пред натпреварот, му реков дека не сум, на што ми одговори ‘Оди испиј неколку пијалаци’. Испив девет чаши бренди, се вратив на теренот, постигнав два гола и бев прогласен за играч на натпреварот“, изјави Гаскојн.

Колку и да беше гениј на теренот, толку надвор од него беше самодеструктивен, понекогаш штетен дури и за најблиските.

Години се дистанцирав од семејството, тишината ме поткопуваше. Кога татко ми реши да ме смести во психијатриска установа, сфатив колку е сериозна ситуацијата. Поминав 11 дена во таа установа и тоа ми го спаси животот“.