Гасол ѝ се врати на кошарката: Наместо во Барселона, ќе игра во втора лига!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пау Гасол минатиот месец се збогуваше од кошарката, но неговиот помлад брат Марк не планира уште да се повлече.

Искусниот шпански центар ќе игра до крајот на сезоната во татковината за второлигашот Жирона, каде што има функција на претседател.

Гасол од средината на септември беше без клуб, иако потпиша договор со Мемфис гризлис, но по пет дена се раздели.

Во еден момент се појави можност да се врати во Барселона, но 36-годишниот центар се определи за второлигашот.

„Многу сум возбуден поради пречекот и затоа што сум тука. Се радувам што ќе играм кошарка во оваа екипа. Многу сум среќен. Бев овде пред 15 години и од тогаш имам посебна врска со клубот и градот“, кажа Гасол.