Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Клаудио Раниери ја заврши својата работа во Рома, а на негово место и на топлата клупа пристигна Џан Пјеро Гасперини.
Доскорешниот стручњак на Аталанта веќе разговараше со управата за потенцијалните засилувања и сака дури пет играчи во летниот преоден рок бидејќи смета дека само така Рома може да биде конкурентна во Серија А.
Кои позиции се критични?
Штопер, потоа среден играч, десен бек, лев бек ако Анхелињо замине и офанзивен среден играч кој има слични карактеристики како Адемола Лукман, за што веќе сме пишувале.
Фудбалерот на Фламенго, Весли, е мета за позицијата десен „вингов бек“, но се поврзува и со Јувентус, што може да создаде проблем.
Тоа не е сè, „Кориере“ денес напоменува дека Гасперини сака и напаѓач.
Фото: Принтскрин