Гасперини се изнервира: Судиите го уништија мечот, нека си најдат друга работа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аталанта загуби од Реал Мадрид во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони со 0-1, а тренерот Гасперини не можеше да го прифати поразот на неговиот тим поради судиите.

Ферланд Менди испрати одличен шут кон голот на голманот Голини, кој не можеше да го одбрани тоа и Реал така стигна до конечните 1-0.

„Го чекавме долго овој натпревар и на крајот не игравме како што сакавме. Не можевме да уживаме. Судиите го уништија натпреварот. На крајот моравме да се браниме и тоа успешно го направивме. 11 против 11 беше поинаку. Големите судиски грешки се дел од фудбалот, но се обидуваме да ги намалиме. Ако не им е јасно за што станува збор, нека си најдат друга работа. Па, имаат ВАР, имаат и други работи за да избегнат вакви грешки…“, вели Гасперини.