Гатузо му верува на Елмас, но репрезентативецот ќе биде резерва против Барселона? (ФОТО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да заигра во првиот тим на Наполи под водство на Џенаро Гатузо и ја оправда довербата, но очигледно нема да биде стартер против Барселона во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми објавија дека Гатузо му верувал на Елмас и тоа го покажува со редовните пофалби, но според тактиката која планира да ја користи денеска, едноставно нема место за македонскиот фудбалер.

Најверојатно Наполи ќе се појави во дефанзивно издание на дуелот, италијански „Скај“ веќе објави како би можел да изгледа составот на Гатузо.