Гатузо најде нов ангажман?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата на Сампдорија е во потрага по нов тренер.

Клубот од Џенова после серијата лоши резултати одлучи да му даде отказ на некогашниот тренер на Рома Ди Франческо, а потрагата по негов наследник, се чини, дека нема да трае уште долго.

И покрај тоа што во италијанските медиуми се споменуваа неколку имиња, изборот најверојатно падна на легендарниот Џенаро Гатусо со кој главниот управител на Сампдорија, Масимо Фереро ги води завршните преговори.

Тоа го тврди упатениот новинар на GazzetteDelloSport, Николо Шира, наведувајќи дека прашање е денот кога некогашниот везист на Милан ќе премине во Сампдорија како спасител со оглед на тоа дека тимот од Џенова моментално го држат последното место од табелата.

Последниот ангажман Гатусо го имаше во Милан со кој во мир си ги разделија патиштата во мај оваа година, а од тогаш имаше неколку понуди, но ниту една во потполност не ги задоволила неговите апетити.

За да избегнат елиминација, Сампдорија денес го претстави и своето ново засилување, а тоа е Андре Бертолачи.