Гатузо за спорната ситуација со Кулибали: Како да го удри Мајк Тајсон, а не Ибрахимовиќ ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи загуби со 1-3 од Милан, а херој на победата на „росонерите“ беше Златан Ибрахимовиќ, кој постигна два гола за неговата екипа.

Во второто полувреме Ибрахимовиќ ризикуваше да добие црвен картон, но за среќа ударот со лакт кон Калиду Кулибали мина неказнето.

Спорната ситуација по мечот ја коментираше и Џенаро Гатузо, кој кажа дека според снимката стоперот изгледал како да го удри Мајк Тајсон, а не Ибрахимовиќ.

„Нема да зборувам повеќе за тоа. На телевизија се гледа ударот со лакт, како да удира Мајк Тајсон, се гледа по изразот на лицето… Не мора да мислиме за тоа, треба да мислиме на тоа што мора да го правиме во иднина“, кажа Гатузо.