Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанија во првиот дуел од полуфиналето на Лигата на нации славеше со 2-1 против Италија, а во првиот состав доби шанса и тинејџерот Гави.
Гави пред два месеци наполни 17 години, а на натпреварот против актуелниот европски првак урна неверојатен рекорд.
Младиот Шпанец на теренот мина 85 минути во дебито за Шпанија и тоа беше најдолга минутажа за него на еден меч во кариерата.
Во дресот на Барселона уште не минал толку време на теренот, како ниту во натпреварите за Барселона Б и Барселона до 18 години.
Селекторот на „Црвената фурија“ беше критикуван поради Гави, кој стана најмлад играч во историјата на сениорската репрезентација на Шпанија, но синоќа тој ги замолче критичарите.