„Ѓаволите“ му даваат двојно повеќе на Варан од Реал – би чинел 100 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед се труди да го договори францускиот стопер Рафаел Варан од Реал Мадрид, кој не сака да го продолжи договорот со шпанскиот тим.

„Кралевите“ наскоро би можеле да останат без уште еден квалитетен фудбалер, откако претходно од тимот си замина Серхио Рамос.

„Марка“ пишува дека трансферот е блиску до реализација, а Манчестер јунајтед е решен во намерата да го купи 28-годишниот дефанзивец, кој сака нов предизвик во кариерата.

Варан би потпишал петгодишен договор со плата од 10 милиони евра по сезона, а тоа е речиси двојно повеќе од тоа што го заработува во Реал Мадрид, односно 5,5 милиони евра.

Според плановите, Варан треба да заработи 50 милиони евра плус „кралевите“ за трансфер бараат уште толку, па вкупно Французинот би ги чинел „ѓаволите“ околу 100 милиони евра.